Барселона би можела да го отпушти тренерот Чави Ернандес по завршување на сезоната, пренесува денеска весникот АС.
Според истиот извор, тоа ќе се случи доколку тимот заврши под второто место во тековната сезона во Ла Лига.
По 34 одиграни кола, каталонскиот клуб е третопласиран на табелата со 73 бодови, бод помалку од второпласираната Жирона. На 4 мај Барселона загуби од Жирона (2:4) на гостински терен, а Реал Мадрид веќе ја обезбеди шампионската титула.
Чави во јануари објави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона, но минатиот месец 44-годишниот стратег рече дека се предомислил и ќе продолжи да работи во клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.