Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, победата од 1:0 изборена синоќа на гостувањето кај Атлетик Билбао ја опиша како една од најважните во сезоната. Каталонците победија на „Сан Мамеш“ со гол на Рафиња за да ја задржат предноста од девет бода пред Реал Мадрид пред нивниот дуел следната недела.

 

– Ова е победа вредна злато. Го задржавме водството од девет поени. Ќе пристапиме самоуверено на уште едно „Ел Класико“. Победивме заслужено. Имавме 2-3 чисти шанси, но не можевме да го решиме натпреварот порано. Важно е да делуваме смирено во одбранбениот план, но истото мора да го правиме и кога напаѓаме. Задоволен сум од ситуацијата во која се наоѓаме. Девет бода пред актуелниот шампион и освојувач на Лигата на шампионите не се малку, изјави Чави.

 

Барса победи на 9 од последните 10 натпревари во Ла Лига. „Каталонците остварија вкупно девет победи со по 1:0, што досега не се случило во историјата на клубот.

 

Освен Атлетик, во тековната сезона Барселона со 1:0 ги совлада и: Валенсија, Виљареал, Џирона, Хетафе, Атлетико Мадрид, Валенсија, Мајорка и Селта



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.