Тренерот на Барселона, Чави имаше големи забелешки за судењето на синоќешниот натпревар со Осасуна во 14. коло од Шпанското фудбалско првенство.

Каталонците победија со 2:1, иако на полувреме губеа, а повеќе од еден час играа со фудбалер помалку поради исклучувањето ан Левандовски во 31. минута.

– Многу сум горд на тимот. Имаме извонредна атмосфера. Се беше против нас – судиските одлуки, примениот гол, играта со фудбалер помалку. Сепак, одигравме паметно и одлично ги искористивме шансите. Ова е златна победа – ќе паузираме како лидери. Ова е победа за целиот тим. Ми кажаа дека голот на Осасуна не е регуларен, според мене, премногу строго беше исклучен Левандовски. Но, моите зборови не се важни. Важно е мислењето на судијата, кој треба да ги објасни своите одлуки, изјави тренерот на Барселона.

Каталонците се лидери во Ла лига со 37 бодови, пред Реал Мадрид кој има 32 и натпревар помалку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.