Девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо (38), кој од неодамна игра во Саудиска Арабија, Георгина Родригез (29) предизвика лавина коментари и критики откако на „Инстаграм“ со своите речиси 50 милиони следачи сподели серија фотографии во бикини покрај базенот во семејната вила.
Законот на Саудиска Арабија забранува објавување на „преекспонирани или полуголи“ фотографии на интернет, а голем број корисници на „Инстаграм“ ја нападнаа во коментарите. Некои ја замолија да се покрие, други да побара прошка од Алах.
View this post on Instagram
Сепак, се верува дека Георгина нема да биде казнета поради овие фотографии. Џејмс Дорси, експерт за блискоисточно право, изјави за Дејли Стар дека „во принцип, пристојното облекување е задолжително, но границата на она што претставува пристојно облекување – еволуираше.
Пред Мохамед Бин Салман беше важно целосно да се покриени лицето и телото. Ова очигледно повеќе не е случај, иако многу жени сè уште се придржуваат до него, а бикините генерално се сметаат за непристојна облека. Сепак, веројатноста нешто да ѝ се случи на девојката на Роналдо е нула, заклучи Дорси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.