Фудбалерите на Хајдук ја победија Истра на гости со 2:0, во натпревар кој го одбележаа инциденти.

По завршувањето на натпреварот дошло до голема тепачка меѓу гостинските навивачи, популарните „Торцида“ со членови на обезбедувањето и редарите на стадионот во Истра.

Полицијата успеа да ја смири ситуацијата и да спречи посериозен инцидент, а на теренот беше „жешко“ за време на натпреварот.

Интересен беше дуелот меѓу српските и албанските фудбалери, Младен Деветак и Емир Сахити,  кој настапува за Косово.

Во 27. минута од натпреварот дојде до конфликт меѓу двајцата, а набрзо се вклучија и соиграчите. Најенергични беа Анте Ерцег и Марко Ливаја, капитенот на Хајдук. Двајцата си влегоа во лице, а се заврши со жолт картон на Ливаја.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.