Во Баерн Минхен се уверени дека имаат реални шанси да го ангажираат Хари Кејн од Тотенхем.

Инсајдерот Фабрицио Романо, тврди дека Баварците ќе дадат уште една понуда за трансфер на капитенот на англиската репрезентација. Според новинарот, останува само да се разјасни прашањето за цената на 30-годишниот напаѓач.

Сепак, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви сака да го задржи Кејн во клубот па останува да се види дали некоја понуда ќе го премисли.

Тотенхем претходно одби две понуди од Баерн за ангажирање на Кејн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.