Новата сезона во Лигата на шампиони, во нов формат и со зголемен број екипи, официјално стартуваше вечерва со одигрување на шест натпревари во кои Реал Мадрид со победа над Штутгарт ја почна одбраната на титулата, а Баерн Минхен го декласираше Динамо Загреб во чиј редови настапија поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Резултати од вечерашните дуели:

Јувентус – ПСВ 3:1

Реал Мадрид – Штутгарт 3:1

Баерн Минхен – Динамо Загреб 9:2

Спортинг – Лил 2:0

Јанг Бојс – Астон Вила 0:3

Милан – Ливерпул 1:3

Утревечер на програмата се нови шест натпревари, а исто толку ќе се играат i в четврток кога ќе биде комплетирано воведното коло



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.