Англискиот фудбалски репрезентативец Хари Кејн заборави дека селекцијата на Италија не се пласираше на Светското првенство. Напаѓачот на Тотенхем на прашањето кои три селекции се фаворити за Мундијалот вака одговори:
„Има многу добри тимови. Има врвни европски репрезентации: ние, Германија, Франција, Шпанија, Италија, а исто така и Бразил, Аргентина. Има врвни репрезентации ширум светот. За да го освоите Светското првенство, треба да одиграте седум натпревари на високо, многу високо ниво“.
Селекцијата на Италија не се квалификуваше за Светското првенство во 2022 година. Во баражот избраниците на Роберто Манчини загубија од македонската репрезентација со 1:0.
Светското првенство во 2022 година ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.