Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го одреди составот од 11 фудбалери кои вечерва од 20.45 часот ќе истрчаат на Националната Арена „Тодор Проески“ на дуелот против Грузија.

Стартниот состав е идентичен на тој што истрча во Разград на стартот од новото издание во Лигата на нации.

Димитриевски ќе биде на голот, а во одбраната се Ашковски, Муслиу, Велковски и Алиоски. Во средниот ред Во средниот ред Спировски, Барди и Елмас, на крилните позиции Чурлинов и Трајкоски,  додека напаѓач е Милан Ристовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.