Атлетико нема да организира шампионски коридор за фудбалерите на Реал Мадрид. Оваа информација ја сподели клубот преку официјално соопштение.
– Некои сакаат да го претворат она што беше создадено како гест на признание на шампионот во јавна почит, ривалите да мора да ја оддадат за да бидат понижени. Во никој случај Атлетико нема да учествува во овој потсмев, во кој вистинските вредности на спортот се целосно заборавени. Тоа придонесува и за зголемена тензија и конфронтација меѓу навивачите.
Во последните години бевме вовлечени во неколку слични ситуации по освојување на различни трофеи, меѓу кои и две шампионски титули. Во некои случаи противничкиот тим им оддаваше почит на нашите победи, а во други не. Но, никогаш немало толку претерано и вештачко очекување или контроверзија споредлива со она што го доживуваме во последните недели.
Атлетико беше последниот кој го освои шпанското првенство. Се сеќава ли некој на некоја полемика околу тоа дали нашиот прв противник по освојувањето на титулата треба да ни приреди шампионски шпалир. Не, бидејќи немаше спорови. Да знаете како да изгубите, е исто толку важно како да знаете како да победите. Во Атлетико не се обидуваме да наметнуваме ништо на другите. Очигледно ние го разбираме животот поинаку, се вели во соопштението на Атлетико.
Атлетико ќе го пречека лутиот градски ривал Реал Мадрид на 8 мај. На четири кола до крајот на Ла Лига, Реал ја обезбеди шампионската титула која лани му припадна на Атлетико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.