Поранешниот прославен македонски фудбалски репрезентативец Артим Шаќири е назначен денеска за вршител на должноста тренер на Шкендија, ден откако актуелниот шампион ја раскина соработката со босанскиот стратег Бруно Акраповиќ.

Како што е соопштено, Шаќири ќе ја извршува тренерската должност до назначување на перманентно решение на чело на стручниот штаб, а на крајот на сезоната официјално ќе ја преземе функцијата спортски директор на Шкендија.

Шаќири како фудбалер беше дел од Шкендија во сезоната 2007/08, а веќе седеше на клупата на тетовскиот клуб во натпреварувачката сезона 2012/13.

Шкендија вчера ја прекина соработката со Акраповиќ по неделното реми без голови на домашен терен против Борец, што клубот од Тетово го остави на второто место со 13 бодови заостанување зад лидерот Шкупи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.