Тренерот на Арсенал, Микел Артета изрази задоволство од играта против Манчестер јунајтед. Арсенал вчера победи со 3:2 и се зацврсти на првото место во Премиер лигата.

– Притискавме, напаѓавме, но не можевме да постигнеме гол. Но, игравме енергично, страсно. Ми се допадна карактерот што го покажаа играчите. Најдовме можност да го добиеме натпреварот. Играчите ме изненадуваат со начинот на кој реагираат на настаните. Ги мотивирам да играат слободно, тимот е полн со енергија, а тоа дава добар резултат. Ме инспирира фактот што редовно играме добро против врвни тимови. Нема голема разлика меѓу екипите во оваа лига, рече Артета.

Арсенал по 19 натпревари има 50 бодови, пет повеќе и натпревар помалку од второпласираниот Манчестер сити



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.