Голамнот на Астон Вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез втора година по ред е прогласен за најдобар голман на светот!
Аргентинецот останува сопственик на трофејот „Јашин“, откако го доби трофејот на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.
Минатата сезона, голамнот триумфираше со Копа Америка, каде исто така стана број 1 меѓу играчите на неговата позиција.
Благодарам на другите голмани со кои се натпреваруваме. Продолжуваме да се развиваме и секогаш се трудиме да се докажуваме. Посебна благодарност до Лаутаро што го постигна тој гол во финалето на Копа Америка, изјави Мартинез.
За првпат во историјата на трофејот „Јашин“ истиот играч го доби во две последователни сезони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.