Со убедлива победа од 3:0 против Сенегал, репрезентацијата на Англија вечерва избори пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство 2022.
Џордан Хендерсон и Хари Кејн се запишаа во листата на стрелците во првото полувреме, Букајо Сака погоди во вториот дел за убедлив триумф.
Во четвртфиналето Англија ќе се сретне со Франција која денес забележа победа над Полска со 3:1.
Утре на распоредот се уште два натпревара од осминафиналната фаза:
Јапонија – Хрватска (16 часот)
Бразил – Јужна Кореја (20 часот).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.