Селекторите на Англија и Шпанија не направија некои посебни изненадувања за денешното финале, настапуваат со проверени стартни постави.

На голот на Англија е Пикфорд, централно во одбраната Геј и Стоунс, а по страните Шо и Вокер. Во средината се Рајс и Маино, пред нив Белингем, а странично ќе напаѓаат Фоден и Сака, најистурен ќе биде Хари Кејн.

За Шпанија на голот е Унаи Симон, централно во одбраната се Ле Норманд и Лапорте, странично Кукуреља и Карвахал, во средината се Родри и Фабијан Руиз, пред нив е Олмо, страничното дуо е тандемот Јамал и Нико Вилијамс, а напред Мората.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.