Еден од фаворитите за титулата Англија и на вториот натпревар на ЕВРО2024 одигра под очекувањата, ремизирајќи 1-1 против Данска вечерва во Франкфурт во рамки на групата Д.

Англичаните дојдоа во водство преку капитенот Кејн во 18 минута, а Данска израмни во 34 минута со голот Хјулманд.

Во завршното трето коло сите четири репрезентации во групата Д влегуваат со шанси за пласман во осминафиналето.

Англија е лидер во групата со 4 бодови, пред Данска и Словенија со 2, а Србија е на последното место со 1 бод.

Третото коло на програмата е во вторник кога Англија ќе игра против Словенија, а Данска против Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.