Карло Анчелоти проговори за судбината на фудбалските тренери. Предводникот на Реал Мадрид ова го направи на прес-конференција пред одложениот натпревар од 17. коло на Ла Лига со Валенсија, која неодамна го раскина договорот со Џенаро Гатузо.

-Ова е реалноста за тренерите. Сите некогаш сме биле отпуштени, освен Гвардиола. Но, дури и Пеп ќе добие отказ еден ден ако продолжи да ја работи оваа професија. Ова ми се случи во кариерата, но се уште сум тука, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид вечер од 21 часот ја пречекува Валенсија во обид да забележи победа и да се доближи до лидерот на табелата Барселона која во моментов има осум бодови предност



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.