Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја постигна 42-та победа во Лигата на шампионите како тренер на „Кралевите“.
Мадридскиот клуб синоќа го совлада Унион Берлин на гости со 3:2 во 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Италијанскиот стручњак постави рекорд на Реал, престигнувајќи го Мигел Муњоз. Во исто време, Анчелоти до рекордот стигна по 56 натпревари на чело на Реал Мадрид, а Муњоз го предводеше тимот 71 пат.
Со 18 бодови Реал Мадрид го освои првото место во групата Ц, Наполи со 10 бодови е на второто место, Брага е трета со 4 бодови, Унион е на дното на табелата со 2 бода.
Во плејофот на ЛШ одат Реал и Наполи, Брага продолжува во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.