Дани Алвеш тешко го поднесува времето во затвор. Тој е во затвор веќе неколку месеци, а неодамна почна судскиот процес за сексуалниот напад за кој беше обвинет.
-Тој е депресивен, депресивен е, добива помош од вработените во затворот, рекол еден од затворениците, според извештаи на бразилските медиуми, а се работи за личност со која Алвеш ја дели затворската ќелија.
Наводно, во затвор посегнале по „екстремни мерки“ токму поради емоционалната и психичката состојба на поранешниот фудбалер по почетокот на судењето.
Понатаму се наведува дека затворот покренал протоколи во случај на сомневање дека некој од затворениците размислува за самоубиство.
-Се плашат за неговата состојба, се плашат да не се пресече или да направи нешто лошо, лудо. Еден ден откако беше сослушан на судењето, протоколот беше активиран, наводно рекол овој неименуван затвореник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.