Тренерот на Баер, Чаби Алонсо синоќа во Леверкузен го совлада Салцбург (5:0) во натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите. Тренерот на германскиот тим ги пофали своите фудбалери.
-Многу сум задоволен од играта и резултатот. Игравме добро од самиот почеток. Атмосферата на стадионот беше прекрасна. Убава вечер. Сега имаме 10 бода, три натпревари пред нас. Тоа значи дека се е во наши раце, изјави Алонсо за сајтот на УЕФА.
Баер со 10 бода се искачи на 5. место во поредокот. Салцбург остана на 30. место (3 бода).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.