Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го сподели своето мислење за ситуацијата околу играчот од средниот ред Пол Погба.

Пред два дена се дозна дека францускиот фудбалер повторно имал позитивен допинг тест за тестостерон.

Погба и јас сме многу блиски, го познавам уште кога беше млад. Штета е што фудбалот губи посебен играч. Ова е тежок момент за Пол, можеме само да му посакаме се најдобро, вели Алегри за „Фудбол Италиа“.

Погба се соочува со долгогодишна забрана. Претходно беше објавено дека Јувентус би можел да го раскине договорот со играчот од средниот ред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.