Тотенхем верува дека напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку може да биде алтернатива за Хари Кејн, објави „Fichajes“. Правата врз Лукаку му припаѓаат на Челзи.

Според изворот, самиот Кејн би сакал да остане во лондонскиот клуб, но доколку реши да го напушти тимот, Спарс ќе размислат за потписот на Белгиецот.

Во сезоната 2022/23, поради здравствени проблеми, Ромелу Лукаку учествуваше на само седум натпревари на Интер во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и една асистенција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.