Еден ден по елиминацијата на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство во Катар, производителот на спортска опрема „Адидас“, кој е спонзор на Панцирите, на својата интернет-страница ги намали цените на германските дресови за 50 отсто.
Адидас во пресрет на Мундијалот пресметал дека од продажбата на дресови и друга опрема за време на Мундијалот ќе заработи околу 400 милиони евра, но раната елиминација на Германија во голема мера ги наруши таквите пресметки.
„Иако испаѓањето на Германија тешко не погоди, ние имаме корист од меѓународниот ентузијазам“, рече портпаролот на Адидас.
Само три од седумте репрезентации кои носат дресови на Адидас се пласираа во осминафиналето. Американски „Најк“ има многу повеќе причини да биде задоволен, бидејќи во осминафиналето неговата опрема ќе ја носат дури девет репрезентации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.