Суперјахтата „Соларис“, во сопственост на рускиот олигарх, Роман Абрамовиќ, впловила во црногорското пристаниште Тиват.

Бродод долг 140 метри со преку 11.000 бруто тони, проценет на 600 милиони долари, се усидрил во Тиватскиот Залив, во близина на марината Порто Монтенегро, објави британски „Мирор“, од каде додаваат дека се чини дека на овој начин, богатиотРусин се обидува да го спаси својот имот од санкциите на ЕУ и Велика Британија.

„Соларис“ пристигнал во Тиват од Барселона, од каде што испловил на 8 март, по кратка поправка. „Мирор“ пишува дека Абрамовиќ го направил тоа за да избегне бродот да остане во Западна Европа.

Ширум Европа, деновиве се води невообичаена „игра“ на потрага и скривање меѓу властите на државите кои се придружија на санциите против Русија и руските олигарси на кои им се заканува заплена на имотот, првенствено луксузните и многу скапи суперјахти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.