Aнглискиот премиерлигаш Челси конечно ќе добие нов сопственик, па оној стариот кој беше најзаслужен за сите успеси на „сините“ во изминативе две децении, Роман Абрамович одлучи да се огласи во јавноста и едноставно да се прости од навивачите, клубот во кој даде се од себе.
Поминаа речиси три месеци откако ја објавив мојата намера да го продадам Челси. За тоа време, тимот работеше напорно за да го најде вистинскиот чувар за Челзи кој би бил во најдобра позиција успешно да го воведе клубот во следното поглавје. Со сопственоста на овој клуб доаѓа и голема одговорност. Откако дојдов во Челси пред речиси 20 години, од прва рака видов што може да постигне овој клуб. Мојата цел беше да се осигурам дека следниот сопственик има начин на размислување што ќе овозможи успех на машкиот и на женскиот тим, како и волјата и желбата да продолжат да ги развиваат другите клучни аспекти на клубот, како што се академијата и фондацијата Челси. Драго ми е што оваа потрага сега е успешно завршена. Додека го предавам Челси на неговите чувари, би сакал да им посакам многу успех, како на теренот, така и надвор од него.
Ми беше чест да бидам дел од овој клуб. Би сакал да им се заблагодарам на сите поранешни и сегашни играчи на клубот, на персоналот и секако на навивачите за овие неверојатни години. Горд сум што, како резултат на нашите заеднички успеси, милиони луѓе сега ќе имаат корист од новата добротворна фондација што се формира. Ова е наследството што го создадовме заедно, порача Абрамович.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.