„Се гледаме наскоро“ порачуваат од ФК Барселона во емотивната порака до „Камп Ноу“, нивниот матичен стадион на кој играат веќе 65 години, а кој нема да го користат до 2026 година.


Како што веќе најавија од клубот, со две милијарди евра стадионот ќе се реконструира во еден од најубавите во Европа, а со капацитет од 105.000 седишта ќе ја има и предавката – најголем.

За време на реконструкцијата Барселона своите натперевари ќе ги игра на „Монжуик“ кој има 56.000 седишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.