Симоне Инзаги ќе добива 6,5 милиони евра нето по сезона според неговиот нов договор како тренер на Интер, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Се очекува 48-годишниот стручњак да го потпише новиот договор со шампионот на Италија до крајот на сезоната 2025-2026.
Доколку Инзаги повторно ги одведе „нероазурите“ до титулата во Серија „А“, за него е предвиден специјален бонус од два милиони евра.
Актуелниот договор на Инзаги со Интер истекува во јуни 2025 година. Тој е на чело на италијанскиот клуб од сезоната 2021-2022.
Инзаги моментално потпишува едногодишно продолжување на договорот на крајот од секоја сезона во Серија „А“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.