Менаџерот на Фулам, Марко Силва потврди дека нивниот најдобар фудбалер Александар Митровиќ си заминува.

 

– Тој го принуди трансферот. Мислам дека сите знаете за тоа, многумина пишуваа за тоа. Очигледно инсистираше да си оди, рече Силва.

Според новинарот на „The Athletic“, Питер Руцлер, Фулам ќе добие рекордни 45 милиони фунти (52,6 милиони евра) од Ал-Хилал, а ќе може да смета и на дел од сумата за која Србинот ќе биде препродаден во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.