Украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави во видеопорака за време на телевизиското шоу на „Златните глобуси“ за да им се заблагодари на своите сојузници во слободниот свет.
Американскиот актер Шон Пен го претстави украинскиот комичар, кој стана политичар. Оскаровецот претходно се сретна со Зеленски во Киев и му ја подари својата статуетка „Оскар“ барајќи од претседателот да му ја врати кога војната ќе заврши, пренесува Независен.мк
Зеленски ѝ порача на холивудската публика дека „војната во Украина сè уште не е завршена, но плимата се врти и веќе е јасно кој ќе победи“, што предизвика аплауз од толпата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.