Верувале или не ..само втор пат настапуваме во Крива Паланка, речеПетар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, кои вечерва ќе настапат на отворњето на музичкиот фестивал „Џојфест“.
Првиот пат беше на истиот фестивал пред точно 10 години на истиот датум! Воздухот, луѓето и секако ако се најде…единствениот бренд на планетава кога станува збор за вкусности, а тоа е паланечкиот симит! Инаку со Аце од Паланка краток период бевме заедно во младоста во бендот „Мозаик“. Нема мислам паланчанец Ацка што не го знае. Порачувам да очекуваат лудница! Прославуваме 30 годишен јубилеј и до сега секој настап беше посебно доживување. Нека се подготват паланчани и психички и физички за нас, порача Пеце
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.