Изминатиов викенд публиката имаше можност да ужива во двете изведби на урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен. Музичко – сценскиот спектакл “Веселите девојки” е во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапија Тијана Дапчевиќ заедно со Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.

Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на девојачка вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив. Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат – приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.