Вчеравечер на свечена церемонија беа прогласени добитниците на првиот БЕАМ Фестивал на
најдобри настани. Жири комисијата составена од 20 искусни и докажани професионалци во
различни сектори од креативните индустрии, по однапред утврдени критериуми и правила
оценуваше 65 пријави во 15 категории.
Ова се победниците по категории:
Најдобар културен / музички настан – Д Фестивал – Пасворд Продукција
Најдобар фестивал / манифестација – Таксират Фестивал – Пасворд Продукција
Најдобар самит, конгрес или конференција – Пин Конференција – Пасворд Продукција
Најдобар експо (саем) – Скопје виски фест – Боттега Евенти
Најдобар корпоративен настан – Сто години Пивара – Меккен Скопје
Најдобар настан за бренд активација – Schweppes Mixology – Меккен Скопје
Најдобар настан за промоција на нов производ – Омега денови – Божиновски часовници и накит
Најдобар НВО настан – Играме заедно – Аутизам ААМК
Најдобар настан на државна / јавна институција – Илинденски денови – Центар за култура Битола
Најдобар спортски настан – Виз Ер Скопски маратон – Сојуз на спортови на Скопје
Најдобра рентал компанија – К енд Д Аудио
Најдобра компанија за видео поддршка на настани – Мунлајт
Најдобра аутсорсинг компанија – О3 Инвест
Најдобро место за одржување на настани – Филхармонија на РСМ
Овој фестивал покажува дека настаните се важни за културата, за бизнисот, за
невладиниот сектор, за државните и јавни институции, за спортот, буквално за секој
сегмент од општеството. Затоа е важно и да бидат валоризирани. Со БЕАМ правиме
пресек на годината што изминала и поттикнуваме натпревар со цел подигнување на
креативноста и квалитетот на настаните. Им честитаме на сите добитници на
БЕАМ наградата, велат организаторите
БЕАМ Фестивалот е во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП, а произлезе
како потреба за мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците.
Фестивалот им оддава признание на креативните идеи и настани, но и ја потенцира важноста на
настаните во општеството. БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста и вредната инапорна работа на сите актери во индустријата за организација на настани.
Од БЕАМ за оваа есен ја најавуваат и првата конференција и саем на ивент индустријата каде
фокусот ќе биде ставен на едукација, вмрежување и отворање на бизнис можности за сите
компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.