Неодамна на „Белградска пролет“ младата македонска пејачка Ана Петан со „Балада за анѓел“ предизвика воодушевување и овации кај публиката. Ана имаше совршена интерпретација и беше споредена со Маја Оџаклиевска, таа што песната што ја потпишуваат Григор Копров, Душан Бачиќ и Стефан Петановски многу брзо стана една од најслушаните на фестивалот.
Ми беше чест и задоволство да настапувам на „Белградска пролет“, каде, слушнав, биле пријавени 323 композиции, а се натпреваруваа 19 песни, од кои и мојата „Балада за анѓел“. Тоа е одлична стартна позиција! Генерално се чувствував многу возбудено и гледав најмногу што можам да уживам. Но исто така ги упивав сите искуства додека траеше фестивалот и секако се концентрирав на мојот настап. Голем фестивал и убав град, ова беше и моето прво одење во Белград – прекрасен град со многу душа и многу убава енергија!
Се подготовувала преку неколку проби.
Имавме две генерални проби што течеа брзо, експедитивно и денот пред настапот беше многу продуктивен. Кога излеговме на сцена, немав премногу трема, повеќе беше позитивна возбуда. Сепак, самиот фестивал, песната, сите тие големи имиња, свечена атмосфера и сознание дека не си во својата земја па сакаш да бидеш најдобар, ми направи да треперам повеќе од обично… Ама кога тргна првата строфа, тоа стивна и мене ме понесе песната… Кога заврши се, слушнав големи аплаузи, прекрасни коментари што навистина многу ме инспирираат.
Стефан ми е најголемиот столб и поддршка во животот за сѐ, и радосна сум што сме заедно во ова искуство. Инаку песната „Балада за анѓел“ е на Григор Копров, текст на Душан Бачиќ, а аранжманот го правеше брат ми Стефан Петановски. Продолжуваме и понатаму со многу интересни проекти!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.