Во понеделник, на 20 мај 2024 година, во Социјалниот Центар ДУЊА во Скопје, ќе може да го проследите настапот на Benjamin Whitehill.

Гитарски трубадур и музички аутсајдер, Бенџамин Вајтхил (Benjamin Whitehill), настапува на периферијата на Берлинското експериментално подземје откако се преселува таму во 2011 година, споделувајќи сцени со различни музичари кои слободно импровизираат бучава и продолжува да создава одреден тип на lo-fi музика.

 

Вајтхил го користи инструментот и како испраќач и како примач на сигнали, со што гитарата е преносител на не-ортодоксните звуци. Комбинира текстурална/перкусивна техника со дигитални уреди, со цел за креирање на псевдо-касетна музика составена од изобличени жици, фидбек, радио бранови, електронска пулпа и зуењето од немирни гласови; во склад со космичката микробранова позадина.

Влез: препорачана донација од 150 денари за уметникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.