Организаторите на Гитарскиот музички фестивал кој се одржува во Молдавија соопштија дека уметникот Горан Бреговиќ не добил дозвола да влезе во земјата иако веќе слетал на аеродромот во Кишињев и поради тоа нема да може да вечерва настапи на фестивалот со својот бенд.

Причините за ваквата одлука на властите не се познати. Можно е Бреговиќ „не успеал да ја објасни целта на посетата“, пренесе Спутник Молдавија. Бреговиќ се извини што не можеше да настапи на фестивалот посветен на гитарата, објавено е на веб-страницата на организаторите на фестивалот.

Бевме многу разочарани кога не ни дозволија да влеземе во Молдавија на аеродромот во Кишињев, без официјално објаснување, изјави Бреговиќ.

Регионалната поп-ѕвезда која живее и работи во Париз, истакна дека со своите музичари оди низ цела Европа и дека никогаш никаде немало проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.