Во рамки на неговата турнеја „Во името на љубовта“, на 13-ти април 2024-та година во „Арена Борис Трајковски“, концерт ќе одржи Жељко Самарџиќ заедно со „Пријателите“.

Кога Самарџиќ ќе настапи на сцена и ќе отпее некоја љубовна песна од неговата колекција безвременски хитови, едноставно никој не може да остане имун. Концертот на 13-ти април, нема да биде како ниту еден друг досега, а публиката може да очекува вистински спектакл со времетраење од 2 часа или пак нешто повеќе, Жељко Самарџиќ и „Пријателите“ + многу специјални гости.

„Подгответе се за одлична забава, но и заедно да ја прославиме љубовта!“ – вели Самарџиќ.

Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.