Winter Flowerголемиот еднодневен музички настан како дел од 54-от по ред Празник на мимозите во Херцег Нови, во сабота, 25 февруари 2023 ќе го прослави крајот на зимата и доаѓањето на пролетта. Оваа единствена забава, во организација на „Егзит“ фестивалот и Туристичката организација Херцег Нови ја предводи еден од најпопуларните уметници на светската хаус сцена, третопласираниот на „Диџеј Маг“ листата 100 најдобри изведувачи, маскираниот велемајстор КЛЕПТОН (Claptoneсо својот премиерен настап во Црна Гора! Покрај него главна ѕвезда ќе биде и регионалната жена на годината, фантастичната КОНСТРАКТА, заедно со групата „Земља Грува“. Локална поддршка ќе биде шармантната и енергична „Кејт“ со претставниците на црногорската електронска сцена „Пи-Ес“ и „БоџиЕ“ (BodziE).

„Егзит“ го именува настанот „Winter Flower“ или „Зимски цвет“ токму во чест на мимозата, уникатното цвеќе што расцутува во зима. Овој природен бунтовник со тоа ги надминува законите и правилата на единствен начин. Поимите зима и цвеќе скоро во сите други случаи меѓусебно се исклучуваат, бидејќи појавувањето на цвеќето всушност го означува крајот на зимата и доаѓањето на пролетта. Токму во таа симболика и се прославува Празникот на мимозите, со голем собир под маски, настан со децениска традиција и гости од целиот регион и Европа.

Влезот на големата „Winter Flower“ забава ќе биде слободен за сите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.