Шарла ви го претставува изданието број 78 во вид на деби албумот на бендот Vagina Corporation – Vreme e!
Се работи за соло проект на младиот музичар Лука Јованоски. Лука е дел од еден неформален музички колектив кој го претставува јадрото на новиот бран независна македонска музичка сцена. Од таа група млади и исклучително талентирани момци и девојки, во различни комбинации произлегуваат бендови како што е Луфтханза, Зулу 3.4, Cut Your Nipple, Дивоградба и секако нашите протагонисти – Vagina Corporation.
И се што го карактеризира музичкиот став на овие момци го има
на овој албум. Извонредна енергија, младешки порив да се пробие низ конфузната, фрустрирачка и силно оштетена реалност во која живеат, но и јасна амбиција да ја рашират својата страст и имагинација низ различни стилски и жанровски предели. Тоа е форте на младиот Лука и тоа го прави во манир кој потсетува на некои од историски најавтентичните претставници на рок музиката. На линија на инди/панк/гараж и краут психоделијата, со силно чувство за импровизација, полн е со самодоверба
и одговорност со кои доминира во текот на овие 6 композиции на кои ги отсвири сите инструменти и вокали во една скопска гаража каде се собираат со својата екипа. DIY продукцијата само го засилува
органскиот карактер на овој албум.
Истата таа екипа го формира звукот на Vagina Corporation на неколкуте
одлични живи настапи со кои Лука најавува дека станува нова голема надеж на македонската, но и регионалната независна музичка сцена.
Албумот Album Vagina Corporation – Vreme e! [LP/DR078] во наредните неколку дена ќе може слободно да се симне на следниот линк:
https://sharla.bandcamp.com/album/vreme-e-2
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.