Во време кога многумина ги негираат македонскиот национален, јазичен и културен идентитет, група македонски музичари влегуваат во проектот насловен „Македонијо во срце те носиме“, во чии рамки ќе бидат објавени 12 стари македонски изворни песни, препеани и аранжирани да добијат современ шмек и на тој начин да бидат доближени, пред се, до помладата публика.

Двигатели на проектот се пејачката Бојана Скендеровски и композиторот Никола Мицевски, кои истакнаа дека идејата и целта зад оваа идеја била желбата да ја споделат својата љубов кон традиционалната македонска песна, претставена на малку поинаков, помодерен аранжман.

Песните ќе бидат испеани од 12 македонски пејачи и пејачки, повозрасни и помлади, од народната, но и од забавната музика. Секоја песна ќе биде промоворина со свој видео запис, а целиот проект ќе има своја промоција ширум Македонија преку осум концерти, што ќе бидат организирани во наредниот период.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.