Ферчо Мустафов, наследникот на кралот на саксафонот, го објави заедничкото оро кое го снимил со неговиот дедо и татко му Илми Мустафов пред година дена, но за жал, судбината не дозволи и тие заедно да го снимаат видеоспотот…
Овој музички проект носи наслов „Спомен“, а Ферчо изминатите месеци го снимаше спотот во соседна Србија, а во кадрите се појавуваат и нивни заеднички фотографии направени од нивните телевизиски гостувања.
Најскапоцено нешто што останува како највреден спомен со Вас мои Кралеви. Секој момент поминат заедно, сите неодговорени прашања и недокажани нешта ги има во оваа мелодија, стои во објавата на социјалните мрежи на младиот Ферчо.
Кралот на саксафонот нè напушти на 22 мај по кратко боледување, а само три месеци потоа, на 15 август почина и неговиот син Илми Мустафов, таткото на Ферчо.
Инаку нивниот наследник веќе некое време живее и работи во Србија, каде соработува со најпознатите тамошни музички ѕвезди, а полека, но сигурно тој станува еден од најбараните дувачи на овие простори…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.