Натпреварот за песна на Евровизија ќе се одржи следната година во Велика Британија, официјално е потврдено, пишува Би-би-си.

Организаторите на шоуто одлучија дека настанот не може да се одржи во победничката земја Украина, поради тековната војна по руската инвазија.

Велика Британија беше втора на овогодинешното натпреварување, па Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги отвори преговорите со Би-Би-Си.

Сè уште не е познато кој град ќе биде домаќин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.