На 29 март (петок), со почеток во 21 часот, во „Café Literatura“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи концертна промоција на вториот студиски албум на македонскиот џез-гитарист Ѓоко Грујовски.
Музичката содржина на овој албум претставува фузија од повеќе музички стилови, како џез, класика, свинг, би-боп итн. Жанрот на албумот може да се дефинира како амбиентален современ џез со меланхоличен призвук, каде што преовладуваат широки теми и импровизаторски соло-делници, отсвирени врз модална џез-хармонија.
„Литература.мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“ организираат низа музички настани, кои се одржуваат секој петок во „Café Literatura“ во „Дајмонд мол“.
Целта на овие концерти е на публиката да ѝ се овозможи квалитетно музичко искуство и да се поддржи развитокот на џез-културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.