Кумановци вечерва со почеток во 20:30 часот ќе имаат можност да уживаат во музичката вечер која ја организира НУЦК „Трајко Прокопиев“ на која ќе настапат академските музичари Јован Цветковиќ и Игор Величковски, информираа денеска надлежните од установата. Публиката која ќе го проследи настапот ќе ужива во популарни џез мелодии и евергрини во џез аранжмани.

-На платото пред центарот за култура веќе некое време не се одржуваат концерти поради градежните активности на плоштадот, меѓутоа овој пат и изведувачите и публиката ќе бидат на самото плато, каде со соодветно осветлување и озвучување ќе уживаат во одличниот музички перформанс, изјави, музичкиот соработник во центарот, Александар Митрички.

На музичката вечер ќе настапат пијанистот Јован Цветковиќ, кој воедно е и член на оркестарот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ и саксофонистот, Игор Величковски кој работи како наставник во основното музичко училиште „Панче Пешев“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.