„Камен“ е последниот текст на Зафир Хаџиманов, врз кој текст неговиот син Васил, ја компонираше музиката и ја промовираше песната, а во пресрет на концертот „Во слава на Зафир Хаџиманов“ кој ќе се одржи во недела во Филхармонија.
Никола Ристановски го пее главниот вокал во песната. Придружни вокали се вокалниот состав „Аса воче“, ќерката на Васил, оперската пејачка Марта Хаџиманов и неговата сопруга Наташа Хаџиманов. И други македонски музичари учествуваа во снимањето на синглот: Ратко Даутовски на перкусии, Виктор Филиповски на тапани и Анѓел Ќосев, кој е тонски снимател на вокалите.
Никола Ристановски ќе биде дел од учесниците на концертот в недела, заедно со Калиопи, Сашо Гигов-Гиш, џез-пејачот од Белград, Виктор Тумбас и режисерот и актер Коле Ангеловски. Од семејството на легендарниот пејач и актер учествуваат Марта и Васил Хаџиманови, а ќе пее тетката на Васил, Бисера Велетанлиќ, сестрата на неговата мајка Сенка Велетанлиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.