Најмасовниот летен музички фестивал во Охрид е повеќе од спремен за неколкудневното исполнување на музички желби и очекувања од светот на електронската музика.
Ohrid Calling оваа година на менито нуди шаренолика и интригантна музичка програма која ќе ја “загрее” атмосферата во веќе востановениот бастион на добра забава и електронска музика касарната во Охрид. Оваа година нè очекува извонредно фестивалско издание со комбинација на стари фестивалски фаворити и возбудливи премиери.
Од тропските dance-pop звуци на хитмејкерот Jonas Blue и неговиот прв настап на Балканот, динамичната и заразна продукција на Morten кој во моментов се наоѓа на врвот од неговата кариера, до возбудливите настапи на легендарниот Steve Aoki и лудата енергија на вашиот омилен Salvatore Ganacci кој за прв пат дојде во 2018 како анонимен а денес е премиум DJ кој настапува на сите големи светски фестивали.
Покрај нив, со заслужено место на овогодинешниот лајнап се наоѓаат и Regard, Sullivan King, Wolfpack, Marten Hørger, SKIY, Cyrillic, Pessto, Divolly & Markward, Jordan John, Invictoz, Delovski, Jana Slayy и Tasev.
Охрид и Авалон продукција ќе бидат домаќини на бројни светски и домашни артисти од електронската музичка сцена кои ќе настапат на бината на Ohrid Calling 2023 и ќе се обидат да приредат повеќе дневна незаборавна забава која дефинитивно ќе остане врежана во мемориите на бројните посетители желни за добар звук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.