Албанската пејачка Ава Макс (29) синоќа настапи во Лос Анџелес, кога беше нападната од непознат маж од публиката.

Имено, младиот човек се качил на бината и му удрил шлаканица на пејачката, а обезбедувањето веднаш го отстранило од концертот.

На Твитер се појави видео од инцидентот на кое гледаме како маж ја удира Ава во глава, но таа продолжува да пее, но во еден момент се фаќа главата и паѓа на колена.

По концертот се огласи Ава Макс која откри дека се здобила со повреда на окото од ударот.

Да потсетиме, пред само два дена, уште една пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа, на настап во Њујорк беше погодена со телефон во главата, откако покажа двоглав орел, симболот на Голема Албанија.

Бебе тогаш итно го прекина концертот и заврши во болница, со три конци на главата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.