Украинскиот министер за култура Александар Ткаченко не се согласува со одлуката на Управниот одбор на Евросонг следниот избор на песна на „Евровизија“ да се одржува во Велика Британија. ЕБУ вчера објави дека со оглед на актуелната состојба, одлучено е дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни сигурносните и оперативни гаранции за организација и продукција на натпреварување за песна на Евровизија.
Според Ткаченко, Украина ги исполнува сите услови за одржување на следната „Евровизија“.
Украина не се согласува со оваа одлука. Немавме можност да разговараме за други опции. Сметаме дека имаме причини зошто треба да ги продолжиме преговорите за да дојдеме до решение кое ќе ги задоволи двете страни, напиша Ткаченко на својот профил на Твитер.
Тој додаде дека Украина е победник на овогодинешниот Евросонг и дека ги исполнува сите услови за одржување на следниот Евросонг, ги исполнува сите безбедносни стандарди и има неколку сали каде би можело да се одржи натпреварот.
Одржувањето на Евровизија во 2023 година во Украина би било јасен знак дека светот нè поддржува. Ќе бараме промена на одлуката, бидејќи веруваме дека можеме да ги исполниме сите услови и тоа неколку пати го потенциравме до Европската радиодифузна унија, напиша тој.
I’m convinced Ukraine has all the rights and possibilities to host #Eurovision-2023 in our country. pic.twitter.com/XnJe3JieIj
— Tkachenko Oleksandr (@otkachenkoua) June 17, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.