На 30ти април, во паркот “Ибни Пајко,” со почеток од 13 часот, ќе се одржи осмото по ред издание на нашиот целодневен џез хепенинг со кој се приклучуваме кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот.
Секоја година, на 30 април, џезот како меѓународна уметничка форма е препознаен како алатка за промовирање на мир и дијалог меѓу културите; почитување на различноста, човековите права и достоинство; алатка за искоренување на дискриминацијата; негување родова еднаквост и промовирање на слободата на изразување.
Ден пред 1ви мај, ве покануваме да заборавите на секојдневните рутини и обврски и да ни се придружите на настанот по кој е препознатлива пролетта во Скопје – глобалната прослава на џезот и неговите придобивки!
Бидете дел од ова случување, заедно да уживаме во радоста на џез музиката бидејќи на овој ден, сѐ е џез! велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.