Американската пејачка Тејлор Свифт (34) испиша историја на синоќешното доделување на музичките награди Греми – стана музичарка со најмногу победи во категоријата албум на годината. Имено, таа вчера ја освои четвртата статуетка за нејзиниот албум „Midnights“.

Свифт ја прими наградата од Селин Дион, која неочекувано се појави во улога на презентер две години откако ѝ беше дијагностицирано ретко невролошко заболување поради кое веќе не може да настапува.

Би сакала да ви кажам дека ова е најдобриот момент во мојот живот, но еднакво среќна се чувствувам и кога завршувам нова песна, правам проби и се спремам за концерт. За мене, наградата е работата, изјави Свифт, која претходно ја освои оваа награда и во 2010, 2016 и 2021 година.

Таа истовремено откри дека нејзиниот нов албум насловен „The Tortured Poets Department“ ќе излезе на 19 април.

Исто така, на голема среќа на нејзините обожаватели, Свифт најави дека нејзиниот претстоен 11. студиски албум „The Tortured Poets“ ќе излезе во април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.