Среде популарноста на момчешките поп-групи „Бекстрит бојс“ и „Енсинк“ во деведесеттите години, на македонската музичка сцена се појави групата „Магија“.

Шармантната четворка, која ја сочинуваа Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев, веднаш ја освои младата слушачка публика во Македонија и бргу станаа едни од најпопуларните изведувачи кај нас во тој период.

Нивната истоимена песна „Магија“, со која победија на фестивалот „Макфест“ во 1998 година, стана своевиден евергрин, којшто се слуша и ден-денес.

По преработката од 2007 година, кога Јован Јованов ја преработи „Магија“ со Адријан Гаџа и Раде Врчаковски – Врчак, сега песната доби нов ремикс, со нов и модерен звук.

Овој пат, Јованов направи дуетска верзија на песната со најпопуларниот македонски рапер Христијан Настески – Пајак.

Се надеваме дека овој дует ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови песни за во иднина“, вели Јованов.

Новата преработка има сосема нов аражман, а целата продукција е направена од страна на Иван Јованов – Ивајо.

Да потсетиме, Јован Јованов живее и работи како музички продуцент во Канада, а ова му е прв музички сингл на нашата сцена по цели 14 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.